Во екот на борбата со пандемијата на коронавирусот (Ковид -19) воопшто не се позитивни вестите за спортистите, спортските клубови и вљубениците во спортот. Опасниот вирус зеде нова жртва, додека со голема финансиска криза ќе се соочат фудбалските клубови како и пропратните членови во фудбалот како новинарите, коментаторите и аналитичарите.

Почина поранешен претседател на Олимпик Марсеј

На 69 годишна возраст, како последица од коронавирусот почина поранешниот претседател на Олимпик Марсеј, Папе Диуф. Тој хитно бил пренесен на болница вчера сабајле, но не успеал да се извлече и починал доцна вечерта. Диуф предводник на францускиот клуб беше во 2005 година. Познат на светската фудбалска јавност и беше како агент на неколку легендарни фудбалери Марсеј Десаи, Вилијам Галас, Самир Насри и Дидиер Дрогба.

Барселона смирува: Немаме примања, но нема да банкротираме

Фудбалерите на Барселона прифатија намалување на платите, а клубот потоа се огласи и ја смири ситуацијата дека финансиската конструкција без разлика на немањето на примиња е стабилна. Првиот човек на Барселона, Пеп Бартомеу рече дека ситуацијата е комплицирана но клубот ќе се избори за подобри времиња. Ситуацијата е комплицирана, тоа е вистината. Немаме приходи од 14 март, но нема да банкротираме во јуни. Ако дотогаш ништо не се промени, навистина има големи загуби. Треба да се вратиме во нормален ритам, затоа правиме измени.

Намалување на платите на новинарите, коментаторите, аналитичарите

Британскиот фудбалски спортски канал „БТ СПОРТ“ ќе ги намали примањата на стручните аналитичари помеѓу кои е и Рио Фердинанд. Последниот меч во живо како кој го пренесувал „БТ СПОРТ“ беше на 11 март и тоа елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампиони. Покрај Рио Фердинад на списокот за каналот се наоѓаат уште Мартин Киoн, Крис Сатон, Мајкл Овен, Роби Сајвиџ и Карен Карни.

OhridNews