Новите вести од спортот во екот на пандемијата на коронавирусот воопшто не се позитивни. Опасниот вирус кој го парализираше спортот зеде нова жртва, а пред свршен чин се организаторите на најстариот грен слем турнир во светот на тенисот.

Почина поранешен италијански боксер

Анџело Ротоли ја загуби битката со Ковид -19 и почина во болница во Бергамо. Ротоли во минатото освојувал шампионски титулу во Италија и Европа. Најголем успех забележал во 1987 година кога го освоил ВБЦ појасот. Во текот на кариерата се борел 35 пати, а извојувал 30 победи. Да биде трагедијата поголема, Анџело во пандемијата на коронавирусот ги загубил мајката и братот.

Вимблдон пред одложување

На состанокот кој треба да се одржи в среда, организаторите на најстариот грен слем турнир Вимблдон треба да ја соопштат одлуката за одложување. Информацијата ја лиферуваше, првиот човек на германскиот тенис Дирк Хорд. Тој ги критикуваше организаторите на францускиот грен слен турнир Ролан Гарос, кои, терминот го заменаа во септември без да се консултираат со федерациите.

OhridNews