Вестите од спортот во Македонија и ширум светот се поврзани со пандемијата на коронавирусот. Информацијата која доаѓа од нашата земја не е позитивна, бидејќи се работи за првиот потврден случај позитивен на коронавирусот, додека двете други се поврзани со светските спортисти.

Прв позитивен случај во македонскиот спорт

Актуелниот селектор на македонската репрезентација во борење грчко-римски стил и претседател на боречкиот клуб Вардар, Љубиша Пешко е заразен со вирусот Ковид -19. Пешко е хоспитализиран после позитивниот тест, но тој немал никакви симптоми на коронавирусот. Во минатото, селектор на македонската репрезентација како борец бил  дел од југословенската репрезентација во борење.

Интересен предлог од Марија Шарапова

На својот официјален твитер профил Марија Шарапова сподели интересен предлог кој со воодушевување беше прифатен од светот. Имено, Русинката го остави својот телефонски број и дозволи секој кој има интересна спортска приказна, рецепт или нешто друго да и се јави или пише порака. Поранешната тенисерка објави дека во првите неколку часови имала околу 300 повици.

Фудбалер на Манчестер Сити упатил порака за седење дома, а изнајмил соба за ноќ со две проститутки

Зборот даден не важи на фудбалерот од Манчестер Сити, Кајл Вокер. Англиските медиуми открија голем скандал поврзан со Вокер кој ги прекршил сите правила за карантин и самоизолација и една вечер поминал в хотел со две проститутки. Англискиот репрезентативец ќе се соочи со драстични казни од клубот, но и од англиските власти кои најавија и тужба.

OhridNews