Опасниот вирус Ковид -19 е распространет во целиот свет. Сите кои биле заразени имаат свои приказни, а секако во нив главна улога имаат и оние кои даваат голема поддршка во борбата со смртоносниот коронавирус.

Робен и сопругата воделе жестока битка со коронавирусот

Поранешниот ас на Баерн Минхен, Арјен Робен ја раскажа борбата против коронавирусот со неговата сопруга. Таа била заразена и неколку денови била во тешка здравствена состојба. – На почетокот не беше толку сериозно. Делуваше како обична настинка. Потоа се влоши состојбата. Сопругата не можеше да дише и се уморуваше од обични работи. Сепак, борбата заврши со позитивен исход. Мојата сопруга се излече и сега се чувствува многу добро.

Алексис Санчез во друштво на згодна манекенка (ќе) нема потешкотии во задолжителниот карантин

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез воопшто ќе нема проблем да биде во карантин во куќата во Милано бидејќи друштво му прави фото моделот и манеканка, Ана Модлер. Тие се во врска од крајот на минатата година но ја официјализираа во овој период. На Алексис Санчез кариерата во Манчестер Јунајтед и Интер му тргна во надолна линија, но во љубовта има голема среќа!

 

View this post on Instagram

 

Busy being busy ??

A post shared by Anna Modler (@annamodler) on

Интер Запрешиќ пред колапс, спонзорите побегнале од Хрватска

Составот на Интер Запрешиќ најверојатно ќе биде првиот клуб кој финансиски ќе капитулира како последица од коронавирусот. Спонзорите на клубот заминале од Хрватска, а раскинување на договорот доби тренерот Жељко Петровиќ. Капитенот Комнен Андриќ имал тешка задача, информацијата да му ја пренесе на соиграчите. Во следниве денови ќе се дефинира ситуација во клубот, каде некогаш играше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

OhridNews