Дефинитивно, коронавирусот е најголемиот противник на спортот и спортистите во 2020 година. Ниту едно натпреварување на остана имун на вирусот, кој е распространет низ целиот свет. Секојдневно се одложуваат шампионати и првенства, а на ред дојде судбината на грен слем турнирот,  Вимблдон.

Што ќе биде со Вимблдон, неофицијалното Светско првенство во тенис?

Организаторите на најстариот грен слем турнир Вимблдон се подготвени за соочување со непланираниот предизвик. Следната недела, на вондреден состанок ќе ги разгледаат опциите и ќе донесат одлука. Како што пренесуваат англиски медиуми, има две опции. Стариот термин (29 јуни – 12 јули) и присуство на публика или поместување на терминот. Организаторите ја исклучија можноста за играње пред празни трибини.

Недоразбирањa на Ноу Камп околу платите

Фудбалерите на Барселона, прво го прифатија а потоа го одбија предлогот од управата за намалување на платите додека трае паузата во шпанскиот фудбал. Меси и компанија се подготвени да се откажат од дел од својата заработувачка но не под условите кои ги понудило раководството на екипата. Во следниов период преговорите ќе продолжат и се очекува двете страни да најдат заедничко решение.

OhridNews