Спортот поради коронавирусот е ставен во мирување, но спортистите се активно на било каков начин. Дел од  спортистите донираат од своите средства во борбата со вирусот, дел ги искористуваат опциите и заминуваат во своите краишта, а има некои кои допрва треба да се изборат за победа.

Милион евра од Роберт и Ана Левандовски за докторите

Докторите од Европа кои водат жестока битка со коронавирусот добија ветар во грб од Роберт и Ана Левандовски. Сопружниците од Полска донираа еден милион евра за сите потреби на докторите ширум Европа. Левандовски на социјалните мрежи напиша дека во оваа борба сме сите заедно и така треба да се поддржуваме до крај.

Даглас Коста замина од Торино

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста кој настапува во Јувентус ја искористи опцијата да замине од Торино и да се врати во својата земја, до смирување на ситуацијата. Во Италија на никој не му е до фудбал и секојдневно се зголемуваат заразаните и починатите лица. Од клубот претходно дозвола за заминување добија Гонзало Игуаин и Хуан Квардадо.

Фелаини прв позитивен случај во Кина

Со коронавирусот се заразија десеттици илјади луѓе во Кина но Маруане Фелаини е првиот регистиран случај помеѓу фудбалерите од најквалитетната лига. Белгиецот се чувствувал добро и го очекува самоизолација и борба со опасниот вирус.

OhridNews