Ѕвездата на Барселона Лионел Меси и еден од најуспешните менаџери Пеп Гвардиола, им се приклучија на спортистите кои донираат финансиски средства за докторите кои се борат со коронавирусот. Во тимот на Аталанта е регистриран првиот случај на вирусот додека белгискиот клуб Андерлехт се соочува со големи финансиски проблеми.

Меси и Гвардиола донираа по 1 милион евра

Меси и Гвардиола донираа по 1 милион евра во фондовите и болниците кои водат жестока битка со коронавирусот. Меси ја подели донацијата. 500 000 евра заминаа на сметката од аргентинската фондација додека 500 000 евра на шпанската фондација. Гвардиола својот милион го донираше за болница во Барселона.

Прв случај во Аталана

Италијанскиот клуб Аталанта го потврди првиот позитивен случај на коронавирусот во екипата. Заразен со коронавирусот е голманот Марко Спортијело. Сите фудбалери, тренери и работници во клубот се во карантин бидејќи градот Бергамо од каде доаѓа Аталанта е најпогоден од коронавирусот во Италија.

Андерлехт пред банкрот

Екипата на Андерлехт ги замоли фудбалерите да се откажат од една плата, се со цел клубот да се спаси од банкрот и да продолжи нормално да функционира. Стручниот штаб во сениорскиот состав се согласил за скратување на една плата, а на потег се фудбалерите.

OhridNews