Расте бројот на починати од Ковид 19 во земјава. Изминатото деноноќие се регистрирани уште 8 смртни случаи, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).

Во изминатите 4 дена  од Ковид починал 31 пациент, а 683 од почетокот на пандемијата, со што земјава е во врвот на врната листа во регионот.

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 од кои 2 во Охрид, 27 во Скопје, 11 во Куманово, 13 во Тетово и Прилеп…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.

OhridNews