Не може да зборуваме за „елитен“ туризам со минимални плати на вработените во угостителскиот сектор, вели универзитетскиот професор Сашо Коруноски во емисијата „Напладне“ на Охридњуз.
Во наша анализа од пред две години 60-70% од вработените во секторот угостителство земаше минимална плата, нема тука квалитет. Не може со човек кој зема минимална плата да работите „елитен“ туризам. Кога ќе се изгради концептот секој го зема својот дел и делува тоа да го оставри. И ако пораснат платите нашите никој нема да сака да замине, ако тука има солидна плата, вели Коруноски.
OhridNews












