– Екипата на Тетекс на домашен терен игра солидно. Тие имаат половичен скор од победа и пораз. На последниот натпревар со Гевгелија го покажаа вистинското лице победувајќи со 13 кошеви разлика. Нивната игра се базира на шутови за три поени, а ние со висока поставеност на одбраната ќе треба да ги неутрализираме – потенцираше тренерот Весна Балазоска.
Охридските кошаркари не ја кријат желбата за прва победа на гостински терен. Тоа ќе биде одличен повик за љубителите на кошарката Охрид, да дојдат во што поголем број на натпреварите кои им престојат на домашен терен против Бест и Гоце Делчев.
– Би било прекрасно да победиме на натпреварот во Тетово. Ако ја пресликаме играта од второто полувреме од мечот со Ангели, ќе бидиме многу поблиску да ја израдуваме охридската јавност со победа – заврши Балазоска.