Кошаркарите на Лихнидос со триумфот против Тетекс ја прекинаа серијата од три порази, а “белите“ сакаат на гостувањето во Бест да ја забележат првата победа на гостински терен во пролетниот дел.


– Не очекува долг пат и неизвесен натпревар со Бест во Гевгелија. Екипата на Бест паузата меѓу полусезоните ја искористи за ангажирање нов тренер и некои квалитетни кошаркари и сигурно нема да ни биде лесно на ова гостувањето. Формата ние во нагорна линија, како и секогаш ние ќе го дадаме максимумот и со малку среќа можеме да ги изненадиме – истакна Роберт Димитриевски.

Поради повреди настапот на Ренато Димитриевски и Томислав Николоски за натпреварот од 14-та рунда против Бест е крајно неизвесен.

Мх.П.