Авионот кој летал на релација Берлин-Тел Авив, а во кој биле кошаркарите на Нижњи Новгород, поради оштетување на крилото и дефект на едниот мотор морал принудно да  слета повторно во Берлин.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а бил предизвикан од јато птици, четири птици удриле во авионот, а една влетала во моторот кој потоа за запалил.

„Почувствувавме два силни удари, потоа авионот започна да се тресе, а од моторот на десното крило изби пламен. Потоа уште некое време бевме во воздухот, додека пилотот да испушти горивото, а потоа се вративме во Берлин. Беше многу непријатно, сите бевме исплашени, бидејќи никој од нас немал вакво искуство, иако половина од сезоната ја минуваме по авиони“, рекол помошниот тренер на Нижњи Јован Беадер.

Кошаркарите на Нижњи во вториот обид успеале да одлетаат за Тел Авив, каде против Хапоел ќе играат во четвртфиналето во Еврокупот.

„Принудно слетавме во Берлин. Четири птици удрија во нашиот авион. Пилотот потоа ми кажа дека сме имале многу среќа“, напишал на Твитер поранешниот репрезентативец на Словенија, Примож Брезец.

„Макфакс“