Македонската кошаркарска репрезентација во подготвителниот период за квалификациите на ЕП следната година ќе одигра три контролни натпревари во Охрид и тоа против Романија (16 јули), Грузија (17 јули) и Австрија (18 јули).

Покрај трите контролни натпревари во Охрид кошаркарите ќе одиграат три во Скопје против Полска, Италија и Црна Гора, а подготовките ќе ги завршат со учество на екстра квалитениот турнир во Германија.
Селекцијата на Македонија во квалификациската група се наоѓа со Белгија, Данска и Белорусија, а походот кон ЕП ќе го започнат против „црвените ѓаволи“ на домашен терен.
Мх.П.










