Кошаркарите на Охрид со два мечеви на домашен терен ја започнуваат дебитанската сезона во Втората македонска кошаркарска лига.
В сабота на 24 октомври охриѓани во првата рунда од новата сезона силите ќе ги одмерат со тимот на Ангели.
И во втората рунда од Втората лига избраниците на Петар Чочороски ќе настапат во Охрид, но против најголемиот ривал битолски Пелистер.
Сезонава, кошаркарскиот клуб Охрид има големи амбиции и отворено најавува жестока битка за првата позиција која води во елитата.
Распоред :
24.10 Охрид – Ангели
31.10 Охрид – Пелистер
07.11 Гостивар – Охрид
14.11 Охрид – Водњански Лисици
21.11 Тетекс – Охрид
28.11 Охрид – Вардар
05.12 Академија ФМП – Охрид
12.12 Охрид – Шкупи
19.12 Радовиш – Охрид
Мх.П.












