Поделени во две екипи по шест играчи со игра на два гола македонските кошаркарски репрезентативци ги започнуваат подоготовките за квалификациите за ЕП 2011 година во Литванија. Македонските кошаркари не покаажа завидни фудбалски познавања, но од она што се беше воочливо за време на мечот беше желбата за победа.
Таквата желба за победа се очекува да биде пристуна за време на квалфикациските натпревари во Август, кога за 24 дена треба да се одиграат 8 натпревари.
– Ние игравме на минатото европско првенство и на некој начин задолжени да го повториме тој успех . Нема да биде лесно, не знам кој ќе биде способен да го издржи тој ритам, ние ќе се трудиме да го извлечеме најдоброто, Како што е за нас така е и за другите, кој ќе се снајде најдобро ќе патува во Литванија – вели селекторот Докузовски.
За квалификациите селекторот нема да смета на Мејси, кој самиот се отпиша од спискот, откако поради семејни причини нема да биде во можност да допатува во Македонија. Контактирано е со натурализираните македонци, кои го носеле македонскиот дрес Рајан Стак и Мајк Вилкинсон, додека Вашингтон засега останува првиот избор за Докузовски.
– Сигурно е дека недоаѓа Мејси кој поради приватни обврски неможе да пристигне овај месец, така што се сведуваме на Вашингтон, кој треба да пристигне во наредните денови. Марко Колариќ се приклучи на подготовките во Охрид, тој ќе биде со нас до 15 и во зависно од тоа дали ќе успееме да ја средиме потребната докумантација ќе видиме дали ќе остане со нас. Без разлика дали ќе настапи во овај циклус или не, ние во иднина сериозно сметаме на него – завршува Докузовски
Фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com