Македонската кошаркарска репрезентација се наоѓа во вториот барабан во квалификациите за Европското првенство во Украина 2015 година.


Македонија која е рангирана на 11-та позиција ќе добие еден атрактивен противник во групата и две што доаѓаат од третиот и четвртиот барабан.

Иако седум селекции имаат аплицирано со  „вајлд карта“ за учество на мундијалот во Шпанија, тоа нема да го промени статутот на Македонија на ранг листата.

Ранг листата на ФИБА : Италија, Финска, Летонија, Грција, Белгија, БиХ, Германија, Црна Гора, Чешка, Велика Британија, Македонија, Израел, Русија, Грузија, Турција, Шведска, Полска, Бугарија, Белорусија, Швајцарија, Австрија, Исланд, Португалија, Словачка, Данска, Унгарија, Романија, Холандија, Луксембург.

Селекциите кои се одбележани имаат поддаено за вајлд карта, со која ќе настапуваат на Светското првенство во Шпанија.

Мх.П.