Македонскиот првак и преставник во регионалната кошаркарска лига, МЗТ Скопје во летниот период во Охрид ќе одржи камп. На него ќе присуствуваат тренерот и селекторот на репрезентацијата, Алеш Пипан како и неколку активни кошаркари во сениорскиот состав.


Еве ја комплетната понуда на МЗТ Скопје за летниот кошаркарски камп во Охрид :

Цена на кампот е 9390 денари можност за плаќање на четири рати т.е. по 2350 денари. Последната рата да се уплати пред почеток на кампот.

Термини :

I смена од 26 Јуни до 02 Јули

II смена од 02 Јули до 08 Јули

III смена од 08 Јули до 14 Јули

Секој учесник на кошаркарскиот камп ќе добие по три маици ( една репрезентативна за шетање и две бела и плава за тренинг ) темен шорц за тренинг, стегач, капче, диплома, а за најуспешните следуваат екстра награди. За сите деца на кампот ќе се грижи лекарска служба која е достапна 24 часа.

Кампот е место каде што сите млади учесници низ тренинг и дружење се запознаваат со сите аспекти на спортскиот начин на живот. На кампот би се дружеле со млади кошаркари од цела Македонија и би поминале 7 незаборавни денови во тренинг, забава, дружење и смеење кој ќе останат во трајно сеќавање.

Програмата за работа е осмислена да овозможи на секој учесник да го покаже својот талент, да се натпреварува и да напредува, да научи дека поразите и победите се составен дел од спортот и животот. Дневната програма на кампот предвидува два тренинга и еден натпревар.

Најголемо внимание ќе се посвети на индивидуалната техника, како и добивање вистински насоки за понатамошна работа. Индивидуални и групни натпревари ( натпревари во шут, слободни фрлања и тројки итн )

Гости на кампот ке бидат дел од играчи на сениорската екипа на КК МЗТ Скопје Аеродром и други познати реномирани имиња од кошарката.

Мх.П.