Викендов во Охрид во хотелот „Силек“ се одржа годишниот семинар за судии и делегати, на кој присустуваа над 100 учесници.

Предавачите Вили Џонс и Ѓорѓи Пиперков, ФИБА Европа инструктори, ги запознаа делегати и судиите со новите меѓународни кошаркарски правила, како и модерните методи за судење, а исто така им беа презентирани и промените во Пропозициите за натпреварување во домашните лиги за претстојната сезона.

По одржаните предавања последниот ден беше предвиден за редовното тестирање од кое резултатите дополнително ќе бидат објавени.

ohridnews