Прославата на новата година во срцето на швајцарските Алпи, во барот барот „Le Constellation“ во луксузниот ски центар Кран Монтана, се претвори во вистински кошмар кој во миг одзеде човечки животи.

Околу 01:30 часот, во барот преполн со интернационални гости се случила силна експлозија, која предизвикала голем пожар што брзо се проширил низ објектот. Во моментот на  трагедијата во барот имало повеќе од сто луѓе внатре  – десетици загинаа, а голем број се ранети.

Пожарникарите, полицијата и спасувачките тимови веднаш пристигнале на местото на настанот и веднаш започнале спасувачка операција. Хеликоптери и амбуланти префрлаа повредени кон болници низ земјата. Над селото беше воведен забранет воздушен простор за да се олесни работата на спасувачите, пренесуваат светските агенции.

Причината за експлозијата сѐ уште е предмет на истрага, а првите сомнежи се дека инцидентот го бил предизвикан од пиротехника, но ништо не е официјално потврдено.

Овој трагичен настан го протресе светот: прославата што требаше да означи нов почеток за многумина заврши со огромна загуба и тага, оставајќи семејства и пријатели во шок и неизмерна болка, пишува „washingtonpost“.

OhridNews