По последната разврска на односите помеѓу Србија и Косово и нивното рефлектирање на претстојниот Самит ПСЈИЕ во Охрид, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија велат дека Косово нема да учествува на Самитот, пренесува „Макфакс“.
Самитот ПСЈИЕ е со утврден формат и структура. Покана за учество до претседателот на Косово не е испратена бидејќи не е пречка само една земја која се спротивстави на желбата на Македонија да го покани Косово како гостин.
„Согласно основачките акти и досегашната практика, Република Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството“, велат од претседателскиот кабинет.
Од таму се додава дека Република Македонија останува на принципот на инклузивност во регионалната соработка и се надева дека штом се создадат услови и Косово ќе се приклучи на оваа регионална соработка.
Претседателот Иванов уште од 2009 година заедно со албанскиот и црногорскиот претседател ја создадоа квадрилатералната соработка со единствена цел Косово да се вклучи во регионалните иницијативи и соработка.
Од тогаш, се одржаа самити на претседателско ниво во Валона, Призрен, Охрид и во Будва, додека за септември во Саранда е предвиден следниот состанок во овој формат.
„Сметаме дека одредени изјави од Косово се упатени на сосема погрешна адреса“, велат од кабинетот на Иванов.
извор:„Макфакс“