Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пад овој пат од едно место на ФИФА рејтинг листата. „Црвено жолтите“ на најновиот ранкиг од ФИФА за месец февруари се наоѓаат на 166-та позиција што е најслаб пласман во историјата.


Подобар пласман на ФИФА рејтинг листата од Македонија има селекцијата на Косово која се наоѓа на 164-то место. Македонија во март ќе има шанса да го поправи, односно да го подобри пласманот кој забележува слободен пад последниве неколку месеци.

Промени во водечките места во светскиот фудбал нема. Аргентина ја чува првата позиција пред Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

OhridNews