Групацијата КОСТАЛ е во врвот на високо развиената и исклучително конкурентна германска индустрија покажа истражувањето на “650 најдобри работодавачи во Германија”, што на примерок од повеќе од 50.000 испитаници го спроведе германскиот весник „Штерн“ („Stern”), во соработка со независната компанија за испитување на мислењето и истражување на пазарот – „Статиста“.

Истражувањето го поставува КОСТАЛ на високото 9-то место во категоријата “Работодавачи од автомобилска индустрија и нивни добавувачи”, односно на 12-тото место во категоријата “Работодавачи од областа на електроника и електротехника”

КОСТАЛ го зазеде 9-то место на листата на најдобри работодавачи во Германија во истражувањето на „Штерн“ и „Статиста“
КОСТАЛ го зазеде 9-то место на листата на најдобри работодавачи во Германија во истражувањето на „Штерн“ и „Статиста“

Во истражувањето спроведено во периодот од 24 јуни до 9 септември 2021 година, вклучени биле над 50.000 испитаници кои биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања. Меѓу другото дали вработените би го препорачале својот актуелен работодавач на друг (свој пријател, близок, роднина), а бил испитуван и аспектот на кој начин компаниите ги менаџирале односите со своите вработени во услови на предизвици предизвикани од глобалната пандемија на Covid-19.

КОСТАЛ од 2016 година е присутен во Македонија, преку своите производствени капацитети во Охрид, каде работат околу 1.000 посветени професионалци од сите делови на државата, снабдувајќи ги најголемите производители на автомобили. Меѓу клиентите на производите на технолошки напредното производство од Охрид, се вбројуваат БМВ, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. Фолксваген Сеат, Шкода.

Како и централата во Германија, така и филијалата во Македонија се издвојува од останатите фирми во државата со високиот углед кој го ужива меѓу вработените, локалната заедница и воопшто на пазарот на труд.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА како компанија постојано ја става добробитта на вработените на преден план преку можностите за нивен раст, развој и образование, компетитивни примања на пазарот на труд и поставување на нови стандарди кога станува збор за бенефитите кои вработените ги уживаат. – велат од компанијата.

OhridNews