Германскиот концерн „Костал“ за производство на делови и компененти за автомобилската индустрија со свеченост што се одржа синоќа во хотелот „Инекс Олгица“, го одбележа ангажирањето на илјадитиот вработен во нивната филијала во Охрид.
Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека одлуката компанијата да отвори своја филијала во Македонија е плод на долготраен процес, чие преговарање траело повеќе од три години.
Охрид беше идентификуван како град со соодветна индустриска традиција, можности знаење и квалификација на вработени. Максимумот во плановите на „Костал“ во 2015-та година беше да стигнеме до 800 вработени. За помалку од пет години стасавме до илјада, и тоа вработени колеги не само од охридскиот и струшкиот регион туку од целата земја. Сметаме дека успехот е последица на она што како концепт го нуди компанијата – технолошко развиен, напреден процес, со висока технологија, автоматика, роботика, производи што се најсофистицирани не само во рамки на „Костал Групацијата“, туку и меѓу сите странски компании во Македонија моментално, рече Мизо.

Како Групација, тука во Охрид ја поседуваме најнапредната технологија. Процесите како енергетската електроника, електрониката, лиењето пластика и составувањето електронски елементи го имаме само тука во Охрид и уште во нашите капацитети во Кина, а не во Германија, САД, Ирска, Мексико, Индија, Британија…Сето тоа оди во прилог на перцепцијата дека тука во Македонија реално е остварлив планот да достигнеме обрт до над 400 милиони евра годишно, што е мошне значајно за земја како Македонија, рече Мизо.

Упатувам честитки за успехот на компанијата и на тимот кој тој го селектираше, кој совлада големи предизвици. Овој успех секако се должи и на сите вработени на кои им се заблагодарувам за придонесот кој го даваат во работата и остварувањето на зацртаните цели. – рече Сандерс.

Голем подвиг е во овие услови да се стигне до 1000 вработени. Убеден сум дека Костал ќе биде стожерната фирма на нашиот индустриски напредок, на соработката меѓу домашните и странските компании и ќе биде врвна компонента во економскиот развој на државата. – рече Азески.

Фото галерија:
„Костал“ на свечен начин го одбележа илјадитиот вработен
OhridNews
Фото: А. Момироска



















































