Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ победи денеска во слалом во Аделбоден во Швајцарија и го превзема првото место во генералниот пласман на Светското куп. Костелиќ победи со резултат од една минута, 50 секунди и 90 стотинки и така ја сочува предноста во првото возење.


Тоа е 13 победа во Светскиот куп за Костелиќ, а 10 победа во слалом.

Австриецот Марсел Хиршер го освои второто место со 26 стотинки зад победникот, додека на третото место до целта стигна неговиот сонародник Рајнфрид Хербст со 1,29 секунди зад Костелиќ.

Костелиќ со денешната победа го презема првото место во генералниот пласман на Светскиот куп со 504 поени, втор е Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 435, а трет Швајцарецот Силван Цурбриген со 421 поени.

Извор “Макфакс“
Ohridnews