Меѓу фактите кои сведочат за негрижата на претходната локална власт предводена од СДСМ во која Томислав Тунтев ја имаше функцијата на заменик градоначалник е недомаќинското раководење со градинката, а со тоа и негрижата за најмладата генерација која всушност преставува иднината на нашиот град, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Сите објекти со промената на власта беа наследени во катастрофална состојба, особено објектот „Развигорче“ кој во јуни по налог на санитарната инспекција мораше да се затвори и целосно да се реконструира. Таваните беа во очајна состојба. Санитарните јазли беа руинирани. Ваков ли бил пристапот на СДСМ кон најмладите, кон просториите во кои децата го поминуваат повеќето од своето време. Знаел ли г-динот Тунтев за ваквата состојба и дали направил посета низ градинките во Охрид за да се соочи со ваквите факти во текот на неговиот мандат? Наместо занималните да се опремуваат со соодветни дидактички материјали, играчки и да се подобруваат условите во кои престојуваат децата, дел од средствата се трошени за купување на непрактични машини за чистење на подови, наместо да се направат потфати кои што биле приоритет за ефикасност на градинките, рече на денешната прес конференција Розе Костоска.
Во однос на кадровата политика, Костоска додаде дека по дадени согласности од Министерството за финансии, неколку конкурси пропаднале.
– Дали била очигледна намерата на СДСМ да се сокријат позитивните намери на власта од ВМРО ДПМНЕ, па дозволила овие конкурси да пропаднат! Ова е само дел од затекнатата состојба на градинките во Охрид кои биле под раководство на СДСМ во период од осум години, рече Костоска.
Костоска потенцира дека од друга страна, принципот на ВМРО ДПМНЕ е домаќинско и одговорно работење, решавање и ублажување на проблемите кои се таложеле со години. Таа ги повика граѓаните на престојните претседателски и паралментарни избори да ја искажат својата доверба кон кон ВМРО ДПМНЕ, како што рече, политичката опција која мисли на најмладите и посветува дел од своите проекти за подобрување на условите во детските градинки.
OhridNews