Од општинската ВМРО- Народна партија со обвинувања до локалната самоуправа дека на два дена пред одржувањето на изборите  врши притисок врз вработените во администрацијата  и во јавните претпријатија за  да излезат и гласааат за нивната политичка партија. Претседателот на ОК на ВМРО- Народна партија, Ванчо Костоски, на денешната прес конференција на граѓаните им порача дека на претстојните избори имаат можност да се определат за две опции.

Првата е онаа на ВМРО- ДПМНЕ, која според Костоски нуди меѓународна изолација , економска политика која придонела голем број граѓани да се иселат од земјата.

– Ако и понатаму, по изборите мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ уште 70.000 до 80.000 луѓе ќе ја напуштат Македонија. Наместо Македонија да стане дел од НАТО  и ЕУ се оставаат луѓето да земаат туѓи пасоши и да ја напуштат државата. ВМРО- НП ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе нема потреба од вадење на туѓи пасоши, рече Костоски.

Тој додаде дека ако граѓаните се одлучат за опцијата на ДПМНЕ тоа ќе значи дека се одлучиле за  постојано задолжување на земјата чиј долг надминал 40% од БДП.

– Во 2014 и 2015 треба да се вратат 700 милиони евра долг кои ги направи оваа власт .Тоа значи, не нови вработувања како што залажуваат, туку отпуштања од работа за што уште сега се подготвуваат списоци, на што ние остро ќе се спротиставиме.Ако гласате за ДПМНЕ гласате за висока казнена политика, која ќе биде уште поизразена во наредниот период поради долгот кој мора да се враќа.Гласате за квазипатриотизам, додаде Костоски.

Костоски како пример го наведе проблемот со изградбата на црквата во село Октиси, каде иако МПЦ ги поседува сите потребни одобренија не може да гради, за што Костоски упати обвинување до Антонио Милошоски дека воопшто не се заложил за решавање на проблемот.

Костоски ги повика граѓаните на 27- ми април да гласаат по сопствено убедување, да го дадат својот глас за ВМРО- НП која со доаѓањето на власт ќе ја врати демократијата во сите сегменти, со слободни медиуми кои се коректор на власта и ќе се заложи за намалување на казнената политика , за брз влез на РМ во ЕУ и за брз економски развој на земјата.

OhridNews