Костоски:Несогласувањата во Владата ги остави вработените во Н.П. Галичица без плата
11.03.11 15:25
– Неажурноста на Владата на Р.Македонија во неназначувањето на нови членови во Управниот Одбор , е причина поради која вработените во Националниот парк “Галичица“ не примаат личен доход ниту имаат здравствено осигурување – рече Ванчо Костости претседател на охридскиот разгранок на ВМРО-Народна партија и член на Управниот одбор на ова претрпијатие.
На двајца од вкупно петте члена на Управниот Одбор мандатот им истекол во Ноември , а незначувањето на нови членови во голема мера ја кочело работата на националната установа.
– На сметката на установата средства има, но во неполн состав не може да се донесе ниту буџетот на установата, ниту пак може да се донесе годишната програма за флора и фауна, и годишниот план за јавни набавки од помал обем. Исто така вработените во националниот парк веќе 2-3 месеци немаат земено плати и здравствени каротни – рече Костоски.
Костоски од позиција претседател на политичката партија ВМРО-НП од Охрид, смета дека несогласувањата на кооалиционите партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се причината зошто не е фоормиран нов Управниот одбор.
– И ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ чиј член е министерот за животна средина сакаат да постават свои членови во Управниот одбор – смета Костоски.
Владата , рече Костоски треба да назначи кои било два члена за да може непречено да продолжи функционирањето на националниот парк Галичица.
Првата година од вториот градоначалнички мандат Кирил Пецаков ја заокружува со отчет за реализираните и започнатите проекти во Охрид, со фокус на инфраструктурата, заштитата на Охридското Езеро, об...
Македонија денес има помалку жители, се раѓаат значително помалку деца, природниот прираст е негативен, а населението старее Демографските промени се меѓу највпечатливите процеси што ја одбележаа з...
По ведрото и студено утро, во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време Ќе дува слаб ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Во следните де...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.