Костоски потенцира дека на синоќа одржаниот состанок на Извршниот комитет на партијата, била потврдена оставката на Додовски и рече дека на закажаната седница на Централниот комитет во недела, меѓу другото, ќе биде донесена одлуката за избор на Љубчо Георгиевски за ВД претседател, додека не се одржи конгресот на партијата кога Георгиевски ќе биде назначен за претседател на партијата.
– Голема благодарност до Никола Груевски и дел од владата, затоа што со поткупувањето на Додовски ни направија голема услуга која седум години ја чекавме – враќањето на Љубчо Георгиевски за претседател на партијата, рече Костоски.
Обвинувањата за коалицирање со Бранко Црвенкоски, Костоски ги отфрли како невистинити и истакна дека единствена одлука за некаква коалиција која ја донел Извршниот комитет, а по барање на Љубчо Георгиевски била одлуката за оформување на третиот блок заедно со партиите Достоинство и Обединети за Македонија, која одлука не се реализирала поради Додовски.
Костоски уште днаш потенцира дека нема појава на масовно одливање на нивното членство во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и рече дека станува збор за поединци.