Елиминациите се на прагот на европскиот шампионат. Поранешниот помошник во “А“ тимот а, сега тренерот на Ренова, Влатко Костов вели дека има што да се види на собирот и оти дисциплинираната игра носи резултати.

– Има што да се види, тоа е еден голем настан кој го привлекува вниманието на сите љубители на фудбалот и спортот во општо. Она што јас како тренер го забележувам е тактичката поставеност на екипите и борбата за секој дел од теренот. Исто така
карактеристично е тоа што екипите на брзаат, туку стрпливо ја градат својата
игра и чекаат шанса да го изненадат противникот. Се игра отворено, а “малите“ екипи
кои играа затворено со дисциплинирана игра успеаа да го надохнадат тој кваилитативен недостаток – вели Костов.

Следуваат мечевите од нокаут фазата, а Костов типува на Шпанија.

– На ваквите турнири најглавна компонента е континуитетот. Мој фаворит останува Шпанија, како екипа која што негува напаѓачки фудбал, сака да игра фудбал и да
се надигрува  – завршува Костов.

М.П.