Влатко Костов кој две години во низа беше прогласен за најдобар тренер во изборот на ФФМ го одржа првиот состанок со екипата на Работнички. Првиот помошник на селекторот Јонуз, Костов го истакна планот на подготовките на амбициозниот скопски клуб.
– Ми причинува огромна чест и задоволство што ќе застанам на чело на клуб каков што е Работнички. Поголемиот дел од подготовките ќе ги одржиме во Македонија. Глазурата на формата ќе биде на петнаесет дневниот престој во Анталија каде ќе се одиграат пет контролни средби – рече Костов.
Целта на клубот е обезбедување на излез во Европа, со оглед на тоа што клубот беше елиминиран во националниот куп од Миравци, останува шансата да се бара преку првенството. По одиграните 18 рунди “романтичарите“ се на третото место со три бода помалку од лидерот Шкендија.
–Многу среќа и добредојде за новиот стручен штаб и фудбалерите кои пристапија. Јасни ни се намерите на клубот и ние ќе направиме се’ во наша можност да ја исполниме таа цел. – рече капитенот на тимот Никола Глигоров.
Костов на местото шеф на стручниот штаб на “романтичарите” доаѓа на местото на Зоран Стратев, кој во паузата на сезоната се раздели со клубот од Дебар Маало.
За него ова ќе биде прв клупски ангажман сезонава откако лани ја предводеше тетовска Ренова до историската прва титула во шампионатот.
Негов помошник во Работнички ќе биде селекторот на македонската репрезентација до 15 години, Горан Петрески – Чунга Лунга.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.