Преку 90 учесници од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора ќе бидат дел од 6-то издание на младинскиот шаховски фестивал „Езерска Кралица 2025“ кое од денес до 8-ми септември ќе се одржи во Струга. Фестивалот е во организација на Младинската шаховска школа Струга.

Ова ќе биде еден од најмасовните шаховски настани од постоењето на турнирите на „Езерска Кралица“. Ако во минатото оваа бројка се движеше помеѓу 60 до 70, сега со гордост можам да кажам дека оваа година го соборивме рекордот на учесници на фестивалот. Задоволство ми е што турнирот веќе е меѓународно етаблиран и што секоја година го посетуваат странски играчи. Со турнирот уште еднаш го промовираме градот и државата и турнирот создава додадена вредност за локалната економија, вели Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга.

Посочува дека на турнирот ќе учествуваат и претставници од Младинската шаховска школа Струга во сите категорни групи.

OhridNews