Граѓаните мирно масовно излегоа да гласаат да се стави крај на кризата. За иднината на Република Македонија важно е дека изборите поминаа во мирна фер и демократската атмосфера. Граѓаните добија можност и го искористија своето право демократски и без притисоци да ја искажат својата волја и да ја закоружат опција што мислат дека е најдобра за нив и нивните најблиски. Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата за која мислат дека им обезбедува попросперитетна иднина, рече Иво Котевски обраќајки се по завршувањето на гласањето од изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ.

Тој додаде дека граѓаните имале добра можност да се запознаат со понудата на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите учесници и да одлучат што е најдобро за нив.