Се очекува сите политички лидери од Македонија да учествуваат на средбата во Брисел закажана на 10- ти јуни, изјави портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето дали Зоран Заев го потврдил своето присуство. Таа потенцираше дека овој пат ќе се отворат и прашања за кои досега не е дикутирано.
„Веруваме дека решението на политичката криза во земјата е од големо значење и улогата на ЕУ е да помогне во тоа. Очекуваме политичките лидери од земјата да учествуваат на средбата и од големо значење е сите да учествуваат. Што се однесува до темите комсеарот Хан јасно кажа дека некои за некои од прашањата се дискутираше и се постигна согласност, но за многу прашања допрва треба да се разговара и очекуваме тоа да се случи во среда“, изјави Коцијанчич.
Таа потенцираше и дека изјавата на Хан дадена во петокот, јасно ги кажува позициите во однос на последните избори одржани во земјата според извештајот на ОБСЕ.
OhridNews