Со мечот Република Ирска – Хрватска, во вечерниот термин, во полскиот Познањ, ќе биде комплетирана првата рунда од мечевите во Ц групата на Европското првенство. 

На ирската клупа ќе се најстариот и
најтрофејниот од сите селектори на Еуро 2012, 73-годишниот Џовани
Трапатони. Популарниот Трап како селектор на Италија на СП 2002 од
Хрватска прептрпе пораз од 2-1. Тој најави атак на трите бода во мечот.

Не можам да ви ги откријам нивните слабости. Ние ги имаме Мекгиди и Даф
кои можат да направат разлика на теренот. Можеме да победиме на овој
натпревар, нема да играме на
реми“, рече Трапатони.

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, кој во Полска ги брои последните денови како селектор, очекува тврд меч кој ќе го одлучат нијансите.

Против нив не можете да створите многу прилики за гол. Реално тешко е да направите 100 процентна шанса. Начинот на кој се бранат, а особено дефанзивната четворка е импресивен“, рече Билиќ.

Натпреварот Ирска-Хрватска стартува во 20:45 часот, а ќе го води холандскиот арбитар Бјорн Кјуперс.