Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Њујорк, ќе се сретне со Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Според агендата предвидена е и средба на премиерот Ковачевски со Џесика Луис, помошник-државен секретар во Бирото за политичко воени работи во Стејт департментот.

Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, е поканет и денеска ќе присуствува на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам.

Во рамките на посетата на Њујорк, изминативе денови премиерот Ковачевски учествуваше и се обрати на Самитот за трансформација на образованието, на состанок по повод 30 години од Декларацијата за права на малцинствата и одржа предавање на Колумбија Универзитетот.

OhridNews