Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски, денеска, на прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски го претстави новиот владин состав.

Подвлекувајќи дека добивањето на мандат е обврска и чест која ја презеде со голема одговорност, премиерот Ковачевски изрази очекување за добра соработка со Претседателот на државата во интерес на граѓаните и државата.

Новата Влада има јасна цел – да одговори соодветно на енергетската криза, да обезбеди сигурност, услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што како одлики ги барав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот, кој заеднички ќе се стреми низ независните институции и правично општество да им служи на интересите на граѓаните, изјави премиерот Ковачевски по средбата со Пендаровски.

OhridNews