Носителот на пратеничката листа од СДСМ за 5- та изборна единица , Васко Ковачевски, придружуван од охридските кандидати за пратеници, посети неколку урбани заедници во општина Охрид.При тоа беа остварени средби со граѓаните, кои говореа за проблемите со кои се соочуваат и нивните потреби, на кои од страна на кандидатите за пратеници од СДСМ им беше презентирана изборната програма „Промени за нов почеток“.

Речиси сите беа едногласни, дека промени треба и мора да има. Природното, историското и културното наследство на овој град бисер, не само македонски и балкански, туку и светски не смее да биде ставено во прашање заради ниту една политичка гарнитура, заради никакви лични и партиски интереси. Охрид е нашиот национален бисер и нема да дозволиме да стане мало кнежевство на Груевски и фамилијата. Доста е од лажни ветувања и еден куп Субратовци кои ништо не остварија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Охрид има предуслови за вистински туризам, со нови инвестиции, со нови решенија кои ги нуди СДСМ во новата програма и ги повика граѓаните да гласаат и го дадат својот глас за кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

OhridNews