Педесет и едногодишниот снимател на Македонската телевизија Шелон Ахмети, почина од коронавирус. Тој бил хоспитализиран минатата недела, но здравствена состојба му се влошила, по што синоќа тој починал.

Ахмети е втора жртва од Ковид 19 во медиумската заедница. Предходно битката со опасниот вирус ја загуби и 44-годишниот Беким Бајрамоски од Лабуништа, струшко, долгогодишен работник во локалната телевизја „Спектра“.

OhridNews