Легендарниот Мајк Тајсон и Рој Џонс, ноќва, помеѓу сабота и недела, ќе ги одмерат силите во рингот и ќе ја заокружат 2020 година на боксерски план. Традиционално, ден пред борбата, двајцата боксери се мерат, се гледаат лице в лице и ја најавуваат борбата.

Годинава, строгите мерки и протоколи поради вирусот ковид -19, не дозволија средба лице в лице, туку низ прозирна ограда двајцата боксери си разменија ладни погледи. На мерењето, Тајсон тежеше 99,5 килограми, додека Џонс беше два килограми помалку (97,5кг).

Јас ќе бидам тој кој ќе нападне, останатото зависи од Рој. Јас нема да бегам, туку ќе напаѓам. – рече Тајсон.

За многу работи ми рекоа дека се погрешни, но се испадна добро. И ова ќе го одработам како што мислам, за на крај да биде како што треба. – истакна Џонс.

Боксерскиот спектакл е закажан во 3 часот по полноќ, а директен пренос ќе има на програмата Спорт клуб 1.

OhridNews