Средбата помеѓу Астон Вила и Њукасл која овој петок требаше да ги најави мечевите од 11-та рунда во Премиер лигата е одложен, поради ковод позитивни фудбалери во гостинскиот состав.

Англиските медиуми пренесуваат дека во таборот на „страчките“ официјално има пет заразени фудбалери, а се очекува бројката да се зголеми до петок, кога беше закажан натпреварот.

Двете екипи, натпреварот од 11-та рунда ќе го одиграат во нов термин.

Астон Вила со 15 освоени бодови се наоѓа на 10-та позиција, додека Њукасл со бод помалку е 13-то пласиран на табелата во англиската Премиер лига.

OhridNews