Пилотот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез има позитивен резултат на тест за ковид -19 и нема да учествува на трката „Силверстоун“ за големата на Велика Британија.

Првиот тест кој го направил Серхио През пред офијалниот почетокот на предквалификациите не дал прецизни резултати и веднаш му бил направен уште еден. То бил позитивен и членот на Рејсинг Поинт веднаш е самоизолиран, а луѓето со кои имал контакт се во изолација.

Од клубот порачаа дека Серхио Перез се чувствува добро и има лесни симптоми.

Рејсинг Поинт во најскоро време треба да одлучи кој ќе натпреварува на трката „Силверстоун“. Се споменуваат Нико Хулкенберг, Штофел Вандор и Естабан Гутириез.

OhridNews