Со почетокот на летниот распоред на летање на Аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“, а поради барањата на многу земји за задолжителен негативен КОВИД -19 тест, како предуслов за патување по воздушен пат, ТАВ Македонија заедно со Клиниката Жан Митрев и нејзината Лабораторија за генетика и персонализирана медицина, отсега овозможува КОВИД-19 тестови за патување, односно брзи антигенски тестови кои можат да се направат на охридскиот аеродром непосредно пред заминувањето на патникот.
Почнувајќи од утре (сабота, 8 мај), на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид поставен е пункт за КОВИД-19 тестирање на клиниката Жан Митрев, кој се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда. Пунктот за КОВИД-19 тестирање на Лабораторијата на Жан Митрев, ќе работи на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид секој ден кога ќе има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите. – информира ТАВ Македонија.

Доколку патниците решат да направат антигенски тест на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а со цел да се избегне гужва и групирање пред терминалната зграда на аеродромот, апелираме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на поаѓање . Во моментов, на охридскиот аеродром, во пунктот за КОВИД-19 тестирање на Жан Митрев, можат да се направат брзи антигенски тестови и брзи PCR-тестови, одобрени од СЗО. За сите други КОВИД-19 тестови, ги повикуваме патниците да го направат тоа во овластена лабораторија пред да пристигнат на аеродромот. – велат од ТАВ.

OhridNews











