Рекорден број смртни случаи, 439, се регистрирани денеска во Русија, како резултат на последици од коронавирусот, со што вкупниот број починати достигна 32.032.

Исто така, во последните 24 часа се регистрирани 21.608 новозаразени, од кои речиси 6.000 се во Москва. Во исто време, се излекувале околу 18.000 пациенти, пренесува агенцијата ТАСС.

Вкупниот број заболени лица од почетокот на пандемијата е 1.85 милиони.

Јапонија погодена од трет бран на коронавирус

Јапонија денеска регистрира рекорд од 1.645 новозаразени лица со коронавирус, што според експертите претставува трет бран на Ковид-19, објавија локалните медиуми.

Бројката, во која се вклучени и рекордните 236 случаи на островот Хокаиду во северниот дел на земјата, го надмина претходниот рекорд кој изнесуваше 1.596, забележан на 7 август.

Токио потврди 393 нови случаи, што е најголем дневен пораст во изминатите три месеци, додека префектурата Осака регистрира 231 случај, надминувајќи го прагот од 200 случаи трет ден по ред.

– Неодамнешниот пораст на заразените може да се смета за трет бран на коронавирус, истакна Тошио Накагава, шефот на Јапонското здружение на лекари, на прес-конференција кога Јапонија потврди 1.543 нови дневни случаи на инфекцијата.

Јапонија ја укина едномесечната вонредна состојба кон средината на мај во повеќето од 47 префектури. Земјата во август се соочи со вториот бран на коронавирус.

OhridNews