Претпладнево во СВР Охрид, од страна на три лица жители на Охрид, пријавени се три кривични дела ,, тешка кражба,,.

Со навремена и брза реакција, полициските службеници привеле едно лице од Прилеп, во моментот на извршувањето на тешката кражба. Се работи  за кражби на пари и златни предмети од три стана. Кај приведениот, пронајден е   комплетниот алат и прибор со кој биле обивани влезните врати.

СВР Охрид, работи на целосно расветлување на кривичните дела.

OhridNews