Од СВР- Охрид соопштуваат детали околу синоќешната кражба во маркетот “Макси- Д”.

Во информацијата стои дека засега непознат сторител,  синоќа околу 21 часот и 35 минути во маркет „Макси-Д„ лоциран на улицата „Партизанска„ во Охрид, извршил кривично дело „Разбојништво„ одземајќи  околу 3.000 денари.

Непознатиот сторител, со маска на главата и огнено оружје-пиштол во раката, влегол во  маркетот од  главната влезна врата на приземјето и од најблиската каса заканувајки се со оружје кон вработените, против-правно ги одзел парите по што веднаш го напуштил објектот.

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид. СВР Охрид, работи на пронаоѓање на лицето- извршител на кривичното дело „Разбојништво„ по што против него ке биде поднесена кривична пријава.

OhridNews