Во периодот од 3-ти до 8-ми февруари, во куќа на лице кое било на привремена работа во САД, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел злато и накит во вредност од 120 000 денари, соопшти ПС Струга.

Лицето насилно го отворило еден од прозорите во куќата и по извршено пребарување од регал во спалната соба, го одзел накитот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews