Непознати сторители, ноќеска околу 3.30 часот обиле трафика во центарот на Струга.

Крадците со себе однеле неколку штеки цигари, картички за надополнување сметки на мобилни телефони, СИМ картички со броеви, како и лап топ компјутер кој служел за работа, но и за надополнување кредити на мобилни телефони.

Вкупната штета се проценува на околу 2000 евра.


Крадецот влегол во трафиката низ овој мал отвор

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата работи на откривање на сторителите.

OhridNews