По завршувањето на сезоната во Серија А точка ќе се стави на една блескава кариера и фудбалска приказна. Заслужено во фудбалските легенди ќе замине капитенот на Интер и аргентинската икона Хавиер Занети.

Повлекувањето од фудбалот и заминувањето од Интер го потврди новиот претседател Ерик Тохир и самиот Занети, кој е икона на Џузепе Меаца.

40-годишниот фудбалер својата фудбалска бајка ја живееше во Интер цели 19 години (1995-2014), а има настапувано уште за Талерес (1992-1993) и Банфилд (1993-1995).

Занети е еден од ретките фудбалери кои речиси целата кариера ја мина во еден клуб и оддолеа на сите милионски понуди од останатите клубови гиганти.

Во дресот „нероазурите“ Занети освои пет титули во „калчо лигата“, четири во Купот на Италија, три во Супер купот на Италија, една во Лигата на Шампиони и Купот на Уефа и една титула од Светското клупско првенство.

За националниот состав од 1994 до 2011 година неуморниот Занети забележа 145 настапи постигнувајќи пет погодоци.

Мх.П.