По назначувањето на Рајан Гигс за помошник менаџер на новиот Луис ван Гал на Олд Трафорд заврши една ера и блескава кариера.
Неуморниот Велшанец беше последен фудбалер од онаа легендарна генерациа која го овдеде Манчестер Јунајтед на врвот од Европа во 1999 година.
Гигс беше и остана пример за сите фудбалери не само во Премиер лигата туку и за целиот свет.
Неговата преданост и посветеност кон клубот e патоказ кон успехот не само на фудбалер, туку и на секој спортист.
Од следната сезона покрај аут линијата нема да ги има продорите на Гигс, но затоа заедно со Луис ван Гал ќе треба да го вратат Јунајтед на шампионските работи.
Ван Гал и неговиот помошник ќе немаат ни малку лесна зачада бидејќи треба комплетно да го сменат тимот по заминувањето на Фердинанд и Видиќ, а на таков пат се уште неколку фудбалери.
Листата за засилувања е долга, но прво мора да ги консолидираат редовите по најлошата сезона во последните 30 години за Јунајтед.
Мх.П.