Елиминацијата на Бостон од Њујорк во првата рунда од завршницата во НБА лигата најави крај на една ера, а можеби и крај на една брилијатна кариера.


Корпулетниот центар Кевин Гарнет минатата сезона најави дека ќе се повлече, но ја смена таа изјави и продолжи да игра. Сега по елиминацијата од “никси“ станува јасно дека Гарнет ќе нема сили за уште НБА сезона да биде предводник на својата екипа.

Четворката која носеше радост во Бостон, Рондо, Ален, Пирс и Гарнет се распадна. Ален замина во Мајами, Рондо потешко се повреди, а товарот остана на Пирс и Гарнет, кои се длабоко навлезени во 30-тите години.

Гарнет со Бостон освои една титула во 2008 година победувајќи го Лејкерс во финалето со 4-2, од тогаш авионот на “детелините“ полека почна да паѓа, а на сцена стапи “кралот“ Леброн Џејмс, кој моментално е владетел во НБА лигата.

Во богатата НБА кариера Гарнет настапуваше за два клубови Бостон Селтикс и Минесота. Во дресот на “планински мечки“ помина 12 сезони додека во најтрофејниот клуб пристигна во 2007 година.

Мх.П.